lajme-arseni_jovkov_753143604

На 30.09.2015 година во околу 15:50 часот, од страна на лице вработено како обезбедување во СУГС „Арсени Јовков“, пријавено е дека во училиштето за време на големиот одмор засега непознато лице или лица испрскале непозната иритирачка материја во вид на спреј, од која 13 ученици и двајца професори од училиштето со возила на итна медицинска помош се пренесени во болница, при што истите се жалеле на печење во грлото, носот и очите. Веднаш по пријавувањето на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки и активности и од извршените разговори е констатирано дека истиот ден за време на големиот одмор од втората смена, повеќе ученици почнале да излегуваат во училишниот двор и да се жалат на печење во грлото, носот и очите. Одговорното лице за физичко обезбедување во училиштето, кој бил во училишниот двор за настанот веднаш ја известил директорката на училиштето, која повикала итна медицинска помош, со чии возила 10 ученици се пренесени и хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на Институтот за токсикологија, а други три ученици и двајцата професори се хоспитализирани во ГОБ „8-МИ Септември“, при што на сите им е констатирана иритирачка кашлица и гушење, предизвикана од непозната материја и по укажаната помош сите се пуштени на домашно лекување. За настанот е известен ЈО и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Слични содржини