policija-noke-520x358

На 12.02.2016 година околу 17,45 часот во Скопје на бул.„Македонско Косовска Бригада“ поточно на бензинска пумпа „Макпетрол“ од страна на непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол од вработениот одзел околу 100.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

На 10.02.2016 година во ПС„Драчево“, пријавено е дека на 09/10.02.2016 година во ОУ„Алија Авдовиќ“ во с.Батинци, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што најпрво со погоден предмет сторителот или сторителите делувале на еден од прозорите, влегле внатре, а потоа го отвориле шкафот од каде одзеле 38 лаптоп компјутери, по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи со противправна имотна корист од околу 190.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот

СЈО: Кривичниот суд засега пропушти да се запише во историјата на Македонија. Следуваат жалби!

На 11.02.2016 година во ПС„Драчево“, И.И.(61) од с.Батинци-скопско, пријавил дека во временскиот период од 09 до 11.02.2016 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа на тој начин што откако се качил на терасата, ја отворил балконската врата, влегол внатре извршил пребарување и одзел пари, околу 5.500 евра, четири златни прстени и четири златни алки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 420.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот

На 12.02.2016 година во ПС„Бит Пазар“, С.П. (52) од Скопје пријавила дека истиот ден на ул.„Панче Неделковски“ поточно во црквата „Св. Ѓоргија“ од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил касата, по што одзел околу 4.000 денари, и го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Слични содржини