Ограбена возило, сообраќајка, уапсен бегалец на правдата…

од desk3

Policija
На 24.10.2016 година околу 16.00 часот на бул. „Киро Глигоров“, од паркирано ПМВ „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. (28) од Скопје, непознат сторител извршил кражба. Сторителот одзел една мала чанта во која имало лични документи, една банкнота од 1000 денари и клучеви. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 24.10.2016 година во 15.27 часот, СИКС на МВР е известен дека починало лицето Р.В. (76) од Кавадарци, кое на 06.10.2016 година во Кавадарци, во сообраќајна незгода, беше удрен од ПМВ „Југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.А. (42) од Кавадарци. По незгодата пешакот Р.В бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци, од каде бил префрлен во Клинички центар Битола. По оперативните зафати истиот бил пренесен да престојува во Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп, каде на 23.10.2016 година во 14.00 часот починал. По наредба на Јавен обвинител на 24.10.2016 година, во Општа болница-Прилеп, над телото на починатиот била извршена обдукција, по што телото било предадено на семејството за погреб.
На 25.10.2016 година во 00.25 часот на ГП Табановце, при пасошка контрола, било костатирано дека лицето Ј.М.(26) од с.Љубодраг, кумановско, носител на словачка патна исправа, се регистрира на СТОП-Листата и е предмет на потрага. Лицето е под истрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицето е приведено и во 01.30 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини