Општина Гази Баба: Од понеделник правна помош за настраданите

од Vladimir Zorba
Општина Гази Баба информира дека во понеделник, среда и петок од 10 до 13 часот во месната заедница Стајковци и од 13 до 14 часот во месната заедница Ченто ќе се одржат средби со граѓани од страна на овластеното здружение за обезбедување на правна помош, кој би требало да им олесни на граѓаните во закрепнувањето од последиците од природната непогода, информираат од Општината.
Помошта вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета предвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места кои што претрпеле штета од поплавите.
Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Гази Баба можат да се обратат во наведените термини во просториите на МЗ Ченто и МЗ Стајковци.

Слични содржини