Унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено се спротивстави на договореното по бегалската криза, постигнати на самитот ЕУ-Турција во Брисел. При разгледувањето на текстот со предлозите унгарскиот премиер изјавува: “Јас не сакам муслиманските мигранти во мојата земја. Според наше мислење страните можат да прифатат голем број муслимански мигранти. Тоа е нивен избор, но ние не сакаме.орбан

Брисел може да прави уште многу ветувања за Турција. Но, тоа не се однесува за секоја земја од ЕУ. Ако дадам одобрување за овој план, ќе висам на некој од столбовите од уличното осветлување во Будимпешта “, истакна Орбан. Во меѓувреме, членовите на турската делегација останале незадоволни од неговата позиција. Речиси сите изјави кои ги направила турската делегација, се сретнале  со противење на Орбан. Весникот “Милијет” ги  наведува серијата турски предлози на кои Орбан вели “не”:

– Визната либерализација со Турција од јуни 2016;

– Доделување на 3 милијарди евра за Турција до крајот на 2018 година и дополнителна помош од 3 милијарди евра;

– Редовни состаноци секој месец помеѓу ЕУ и Турција во врска со примената на договорите;

– Враќање на сите нелегални мигранти во Турција, во замена за што ЕУ да прифати сириски бегалци;

– ЕУ да преземе трошоците за враќање на нелегалните мигранти во Турција;

– ЕУ и Турција да се дефинираат “хуманитарни безбедни зони” во Сирија.

Слични содржини