Орландо Блум под рака со непозната бринета

од Vladimir Zorba

По разделбата со Кејти Пери, на Орландо Блум не му е здодевно и ретко може да биде пресретнат сам. Скоро секој месец актерот е фотографиран во друштво на ново симпатично девојче.

До овој момент ѕвездата од “Пиратите од Карибите” и “Господарот на прстените” не брза да се поврзе сериозно со ниту еднa од нив, туку по флертот исчезнува, пишува Daily Mail.

Пред неколку дена фотографи го пресретнаа Блум додека се шеташе низ Париз со мистериозна бринета. Од кадрите се гледа дека двајцата се во топли односи, се држат за рака, а девојката дури ја измазнуваат косата на ѕвездата.

Весникот забележува дека Орландо и убавицата, малку по прошетката, брзо се качиле во такси и продолжиле во непознат правец.

Слични содржини