Проблемите со очите најчесто се поврзани со развивање на неопходност од позитивен или негативен диоптер. Поголемиот дел од населението на земјата страда од проблеми со видот во кој било степен.1492b09a8fb90bd750270c9dbe7f8fcf

Исклучително малку се луѓето кои можат да се пофалат со соколов вид. Дури и да е така, како стареете видот трпи промени.

Вообичаени се исто така и некои инфекции на очите, како и алергиски реакции. Заштитата и добрата хигиена можат да помогнат да ги заштитиме очите од несакани проблеми не само во претстојната топла сезона, но и генерално.

Алергиите може да бидат сезонски или преку целата година во зависност од алергенот кој предизвува реакција на имунолошкиот систем. Алергиските реакции се карактеризираат со печење, црвенило, чешање во очите, но ако продолжат повеќе од неколку дена, тоа може да е сигнал за бактериска инфекција.

За да ги заштитиме очите, треба да знаеме и исполнуваме неколку работи:

Користете очила за сонце со заштита против ултравиолетовите зраци.

Важно е да се носат очила со подобра заштита. Ова спречува мигрена, проблеми со мрежницата, го намалува ризикот од појава на катаракта и штити од штетното влијание на сончевите зраци, штетни за рожницата на окото.

Носете очила при пливање

Ако пливате во некој базен, без разлика дали е природен или вештачки, добро е да носите секогаш специјални базени очила. Тие штитат од пенетрација на вода во очите, а заедно со неа и голем број на патогени микроорганизми.
Најчеста инфекција која се добива од водните басени, е конјунктивитис.

Избегнувајте допир на очите со валкани раце

Кога сте на отворено и околу вас нема чиста вода, испотени сте и ви се случува да ги триете очите – не го правете тоа. Така ризикувате многу сериозно да ги инфицирате очите. Запомнете дека во очите можат да влезат исто толку инфекции, како и во устата, бидејќи очите се своевиден влез кон внатрешноста на организмот.

Не прскајте вода во очите

Кога го парите лицето или едноставно се наплискувате (го правиме тоа најчесто во жештина или после тренингот), секогаш затворајте ги цврсто очите. Избегнувајте да допуштате дел од валканата од лицето вода да навлезе во очите. Така не само што можете да добиете инфекции, но и тврди честички, кои потоа ги дразнат окото.

Допирајте со чисти раце

Секогаш мијте ги рацете пред да ги допрете очите. Не сфаќаме колку бактерии и инфекции увезуваме во очите само ако ги допреме. Имунолошкиот систем се бори постојано со нив, но во даден момент микробите го наоѓаат својот пат и предизвикуваат доста проблеми.

Што може да предизвика алергиска реакција во очите?

Најчестите алергени се цветни растенија, правот, парфеми, козметика, чадот. Ако го најдете она што ви предизвикува непријатност, поврзано со очите, ќе биде полесно да го отстраните проблемот.

Јачменот се појавува кај многу луѓе. Обично се добива при нечистотии и на наслојките од мртви клетки. Затоа е важно да настојувате во превенцијата на јачмен. Ексфолирајте ги нежно очните капаци, за да ги отстраните мртвите клетки и нечистотиите. Избегнувајте козметика со необјаснето потекло или истечен рок.
Не се препорачува употреба на влажни крпи за лице и туфери со валкани раце.

Слични содржини