Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца пешаци и еден велосипедист.

9-297-

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 13 часот и 30 минути на бул. „Партизански одреди“ во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Санкционирани се и седум возачи кои непрописно престигнувале, девет возачи непрописно се престроиле пред крстосница, како и 12 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 103 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по различни основи.

Исто така, денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „26 Јули“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари со учениците од четврто одделение.

Денеска со почеток во 12 часот пред фонтаната во Градскиот парк ќе се одржи протестен марш на средношколците кој ќе заврши пред Министерството за образование и наука. За време на овој вонреден настан од страна на сообраќајната полицијата ќе бидат преземени соодветни мерки за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот.

Слични содржини