Педесеттиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ свечено ќе биде отворен вечер во 21 часот на голема театарска сцена на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп. По повод јубилејот, фестивалот ќе добие признание од претседателот Ѓорге Иванов.

scena

– Плоштадот во Прилеп ќе биде голема театарска сцена. Свои перформанси ќе имаат речиси сите актери од македонските театри, ќе пеат и ќе изведат делови од текстови на патронот – Војдан Чернодрински. Режисер на овој заеднички перформанс кој ќе трае околу два часа е Дејан Пројковски. Претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе му врачи посебно признание на Фестивалот, соопшти Петар Темелковски, уметнички директор на фестивалот, на прес-конференција.Во конкуренција за награди годинава се 13 претстави на македонските професионални теари. Ќе се одигруваат по две во еден фестивалски ден и уште една претстава во придружниот дел.

Фестивалската програма почна вчера со претставата на МНТ „Електра“, која поради спецификата публиката ја гледаше во Скопје на нејзината матична сцена. И на 16 јуни публиката ќе патува – тогаш во новиот театар во Велес за да ја проследи претставата „Приказни од шестиот кат“.

Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина. По повод јубилејот, годинава ќе биде промовирана и  монографија за  петдеценискиот растеж на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Слични содржини