Земјите од еврозоната определија многу краток временски период, во кој може да биде постигнат договор, што треба да обезбеди финансирање за Грција и да овозможи земјата да избегне финансиски колапс, пишува “Ројтерс”.

грчко занме

До сега Атина се усогласи со барањата да обезбеди детален план за реформи, кои треба да бидат  основа за преговорите за барање заем во вредност од 53,5 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност. Планот веќе беше испратен на претседателот на групата на министрите за финансии на еврозоната Јерун ДеЈселблум кој го испратил и на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, кои пак треба да направат проценка на предлозите.

Денес ќе се одржи ● Работа  на работната група на еврогрупата, составена од замениците на министрите за финансии, кои ќе разговараат за планот и можните извори на средства, кои треба да ја  поддржуваат Грција до остварувањето на договор.Извори од еврозоната посочуваат дека меѓу овие средства може да се и 1,9 милијарди евра од камати за 2014 година на влади на земјите-членки по грчки обврзници чувани од ЕЦБ. Други 1,5 милијарди евра, кои земјите се уште не се префрлиле на Европскиот механизам за стабилност, исто така може да се користат, како и краткорочни билатерални заеми од “пријателите на Грција”. Еврогрупата потоа ќе ги разгледа препораките на доверителите и работната група. Тие може да донесат одлука да препорачаат спроведување на преговори за нов кредит, под услов Грција  да преземе некои “прелиминарни активности” во краток рок.

Грчкиот парламент може да се сретне во текот на викендот и да ги легализира предложените мерки пред самитот на еврозоната во недела , или дел од нив во неделата и дел од нив другата недела. Претставник на парламентот наведува дека таква седница се уште не е свикана.

Министрите може да одлучат дека сеуште нема основа за започнува на преговори. Во таков случај Грција може да се обиде да преземе акција во текот на викендот, на пример да им помогнам на предлог реформи и зголемувања на даноците во парламентот во обид да ги убедат лидерите на еврозоната да започнат нови преговори. Ако еврогрупата објави позитивна одлука, нема законска обврска да се одржи состанок на врвот на еврозоната или самит на сите земји од Европската унија во неделата .

Сепак и двете се закажани. Извори во еврозоната велат дека самитот на еврозоната ќе им овозможи на Алексис Ципрас да ги “продаде” реформите во Грција, а на Ангела Меркел – да свика вонредна седница на германскиот парламент следната недела, на што да биде одобрено отворањето на преговори. За целта е потребно тридневна најава. Ако не е постигнат договор, самитот на ЕУ ќе биде потребно за донесување на одлуки во врска со буџетот на ЕУ и околните држави, кои се погодени од кризата во Грција, вклучувајќи ги Бугарија, Романија и Хрватска. Може да биде дискутирано и обезбедување на хуманитарна помош за Грција, мерки поврзани со капитал контрол и мерки за безбедноста на границите. Според рејтинг агенција Moody’s во неделата најверојатно ќе заврши и ликвидноста на грчките банки поради влечењето на депозитите.

Во неделата или во понеделник ќе се сретне Управниот одбор на Европската централна банка, независно од тоа дали има договор или не.ЕЦБ ќе донесе одлука дали да  се промени линитот на отсуство за Грција и вонредна ликвидна помош (ELA) за грчките банки. Ако договор има, според изворите на “Ројтерс” ако договорот се постигне, лимитот на ELA ќе биде зголемен, а новите средства ќе овозможат отворање на банките другата недела, бидејќи ќе се смета дека Грција е на пат да влезе во нова шема . Ако зделка сепак нема, Бордот на ЕЦБ ќе разговара  за различни вонредни мерки за заштита на еврозоната, вклучувајќи зголемување на купување на обврзници на другите земји од еврозоната во рамките на прогрмата за квантитативни олеснувања, како и обезбедување на помош за централните банки на околните на Грција држави, како и дополнителна ликвидност на банките во други земји во еврозоната.

Следната недела се очекува германскиот парламент, во случај дека има договор, да одржи вонредна седница, што ќе и овозможи на Владата да му  дозволи на Европскиот механизам за стабилност да почне преговори со Грција. Франција исто така, најави дека нејзиниот парламент  ќе се собере, за даде политичка поддршка за договорот, иако законот не го принудува да го прави.

Слични содржини