Озил од јануари во Барселона

од desk4

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона му понуди на Арсенал 20 милиони евра за трансферот на германскиот репрезентативец Месут Озил во јануари, пренесе „Мундо Депортиво“.

Како што е наведено, Каталонците не сакаат да чекаат до јули кога на Озил му истекува договорот и тогаш да го добијат без оштета, туку сакаат за 20 милиони евра Арсенал да им го отстапи уште во зимскиот преоден рок.

Озил треба да биде долгорочна замена за Анреса Иниеста, кој, најверојатно ја игра последната сезона во Барселона.

Германецот со турско потекло, од Реал во 2013 година пристигна во Арсенал, а претходно играше и за Шалке и Вердер, најверојатно ќе добие дозвола да ја смени средината.

Со репрезентацијата на Германија Озил го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Слични содржини