Падна главата на водителката, која се сликаше со окрвавениот Трамп!

од Vladimir Zorba

CNN ја отпушти телевизиската водителка Кети Грифин, ден потоа откако таа се појави со окрвавена маска, „ скината глава“ на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат светските медиуми.

Фотографиите предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи и  го уплашија синот на Трамп – Барон. 11-годишното момче кое си седело пред телевизорот заедно со својата мајка Мелани.

Гледајќи ги тие кадрите, тој мислел дека нешто се случило со неговиот татко, се преплашил и  извикал “Мамо, мамо!”. Грифин се извини за сликите направени од провокативниот фотограф Тајлер Шилдс. Таа признава дека ја преминала  границата и  “отишла предалеку”, како и дека разбрала дека  нејзината  шегата не била смешна.

На крајот на својата изјава комичарката моли за прошка.

Претходно Мелани Трамп изјави дека има дилеми за „нормалноста“ на Грифин. “Да се ​​шират такви слики е едноставно погрешно, ако  знаеме какви злосторства се вршат во современиот свет, тоа те прави да размислиш во каква психичка состојба се наоѓа човекот кој го прави тоа”, ја цитира АВС. Самиот претседател Доналд Трамп напиша на Twiter дека “Кети Грифин и требало да се засрами”. “Моите деца, особено 11-годишниот Барон, тешко го примија ова. Ужасно! “, Напишал Трамп.

Слични содржини