Патарините (конечно) ќе бидат модернизирани

од desk2

Три години по започнувањето, проектот за модернизација на патарините во Република Македонија продолжува. Со него се опфатени 5 постоечки и 2 нови наплатни станици од коридорот 10, на кои ќе виде воведен електронски начин на наплата на патарината.

Патарината Романовце кај Куманово е веќе во завршна фаза и за два месеца ќе биде пуштена во употреба. Во фаза на реконструкција се двете патарини кај Велес, набрзо ќе започне и реконструкција на патарините Градско и Петровец, а сите патарини ќе бидат проширени со по неколку ленти. За новите патарини Демир Капија и Гевгелија во тек е издавањето на одобренијата за градење. Новиот систем за наплата кој постепено ќе се воведува предвидува плаќање со електронска припејд картичка, со далечинско отчитување.

Според првичните планови, патарините долж коридорот 10 требаа да бидат модернизирани до јуни 2016 година. Идната година треба да започне имплементацијата на новиот систем и на автопатот од коридорот 8./Автомагазин

Слични содржини