Партијата за целосна еманципација на Ромите, ПЦЕР реагира како што се вели во соопштението “за потеклото имотот што го поседува Талески- трите стана и уште еден господ знае што се уште има“.

timthumb

Од партијата повикуваат Специјалното Јавно Обвинителство и обвинителката Катица Јанева да бараат потекло на имот за Талески,и да се утври дали може со градоначалничка плата да се заработат три стана.

-Во меѓувреме Ромите во Баирот немаат леб да јадат и живеат во супстандардни живеалишта. Затоа бараме на сите градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ низ Македонија да се изврши потекло на имот што поседуваат сега и што поседувале пред да станат градоначалници. Еднинствено го изземаме како градоначаник Ратко Димитроски од Кочани кој знаеме дека поседувал имот пред да дојде на функција, сите останати градоначалници како Ивица Конески, Коце Трајаноски, Марјан Ристески и другите да се проверат и да им се утврду потекло на имот, велат од партијата на Самка Ибраимовски.

Слични содржини