Партијата за Демократски Просперитет “најостро го осудува чинот на аболиција даден од страна на нелегитимниот Ѓорге Иванов  на политичарите инкриминирани во криминални дела за корупција и изборни нерегуларности и бара од него веднаш да даде оставка од функцијата претседател.“

pdp

„Со овој срамен чин (исто како и чинот на неодамнешниот отворен фронт против меѓународната заедница) нелегитимното лице Ѓорге Иванов ја засрамило државата и го суспендирал правниот систем и ја ставил државата пред нов предизвик на опстојување. ПДП се приклучува кон широкиот демократски фронт за детронизирање од тронот на нелегитимното лице Иванов, албанофоб по вокација, назначен од нелегитимни избори“, се вели во партиската реакција.

Слични содржини