Нема ништо поосвежувачко во жештина од вкусен овошен сок. Тој хидрира, разладува и го полни телото со многу витамини. Ако бараш да ја задоволиш жедта со нешто слатко и кул, еве и кои се 5-те најдобри решенија:b21320bf18ec80db2e3f3c56e358eaa7

Сок од ананас

Овој тропски плод е наполнет со бромелаин, ензим кој помага во апсорпцијата на мастите и протеините. Исто така има висока содржина на витамини и минерали, вклучувајќи витамин А, витамин Ц, калциум, фосфор и калиум, што може да спречи настинки и го помага зајакнувањето на коските. Ананасот ги одржува непцата и здравјето на забите.

Сок од лубеница

Овој сочен плод има висока содржина на вода што ќе ве држи хидрирани и ќе ви ја донесе посакуваната свежина. Богат е со ликопен, кој ги штити клетките на кожата од штетното влијание на сонцето, калиум, антиоксиданти, каротеноиди, витамин А, Б6 и Ц, калциум и влакна. Неколку парчиња од плодот на ден помагаат за спречување на губење на косата, проблеми со варењето, слаб вид, па дури и срцеви напади.

Кокосова вода / млеко

Кај нас тоа не е многу распространето, но придобивките од него се огромни. Кокосот лесно ја згаснува жедта, го полни организмот со витамини, минерали и електролити. Ја одржува нормалната температура на телото во жештина, помага во варењето, штити од тении и цревни инфекции, како и од бубрежни и уретални камења.

Сок од манго

Познато како цар на овошјето, мангото, исто така носи многу здравствени придобивки. Антиоксидантните соединенија во плодот штитат од воспаление на дебелото црево, рак на дојка и рак на простата. Овој плод исто така помага во намалување на холестеролот, чистење на кожата, подобрување на здравјето на очите.

Сок од јагоди

Јагодите се мали плодови, но не ги потценувајте. Тие се вистинска витаминозна бомба. Една чаша јагоди го подобрува имунолошкиот систем, го намалува холестеролот и го регулира крвниот притисок. Плодот содржи фолна киселина и B-витамини, кои помагаат за соодветен развој на фетусот во раните фази на бременост.