Пилотите и компјутерџиите најплатени во Македонија

од desk2

Бруто-платата во мај изнесувала 33.640 денари. Ова го покажа последната статистика на Државниот завод. Наспроти неа нето платата изнесувала 22.889 денари.

Според последниот извештај на Заводот за статистика најплатените професии во Македонија се забележуваат во воздухопловството и компјутерската индустрија.

Највисоките просечни плати се забележуваат во дејностите: Воздухопловен транспорт со бруто плата од 91.593 или 60.022 денари нето плата, компјутерско програмирање 73.624 денари бруто и 49.674 нето плата, фармација со 67.352 денари бруто и 45.766 денари нето плата, финансиски услужни дејности со 61.934 бруто или 41.634 нето плата, и петата најплатена професија е во телекомуникации каде бруто платата во мај изнесувала 57.771 денари а нето 38.961 денари.

Наспроти тоа најмали плати, статистка регистрира во секторот рибарството и аквакултурата. Овие две индустрии имаат просечна бруто плата од 16.937 денари а нето 11.599 денари.

Зад нив најслабо платени се вработените во индустријата за производство на кожа со 18.380 денари бруто плата, луѓето вработени во производство на облека со 19.814 денари бруто плата и луѓето кои работат на одржување на згради/животна средина/природа со 20.234 денари бруто плата .

Слични содржини