Пипа Мидлтон се омажи во фустан од 40 000 долари

од Vladimir Zorba

Пипа Мидлтон и Џејмс Метјуз излегоа како сопружници од црквата во англиската провинција и се бакнуваа за гледачите под распеаните ѕвона.

Нивната свадба беше одредена од британскиот печат како ѕвездениот настан на годината, бидејќи Пипа е сестра на сопругата на принцот Вилијам – Кетрин.

Шафери беа принцот Џорџ и принцезата Шарлот, а меѓу гостите беа кралското семејство од помладата генерација и многу познати личности, пренесоа светските новински агенции.

Принцот Вилијам пристигна заедно со својот брат Хари. Принцот Хари сепак не беше придружуван од неговата девојка актерката Меган Маркел, најверојатно за да не биде свртат вниманието од главниот настан. Но, таа му се придружи на вечерниот прием.

Пипа Мидлтон избра за свадбената церемонија фустан на дизајнерот Џајлс Диксон, објави ББС. Фустанот е чипкан, со кратки ракави и деколте на грбот. Тој е тесен по телото до крстот, а здолништето е богато откроено. Фустанот е изработен така што да изгледа без шевови. Нејзината цена е околу 40 000 фунти.

Превезот на невестата е од Стивен Џонс, придружен од убава мала тиара. Сатенските чевли се во боја на слонова коска се од Маноло Бланик.

Црквата е на неколку милји од домот на семејството Мидлтон во Баклбери и е на приватен имот.

Церемонијата беше приватна. Безбедносните мерки беа многу строги, како локалните луѓе мораа да носат документ за лична идентификација. Тие беа замолени експлицитно да не зборуваат пред новинарите.

Џејмс и Пипа се запознаваат пред повеќе од 10 години, кога семејството и е на одмор на карипскиот остров Сент Бартс, каде неговите родители поседуваат одморалиште. Тие почнуваат да излегуваат заедно во 2012 година, но само за неколку месеци. Во 2015 година ја обновуваат врската.

Според британскиот печат вкупните трошоци за свадбата се околу 300 000 фунти.

Слични содржини