По 10 години љубов, една од најубавите бразилки е повторно сама

од desk2

По 10 години љубов, веридба и две деца, бразилската манекенка Алесандра Амбросио и милионерот Џејми Мазур се разделија. Убавицата и една од најуспешните манекенки на денешницата и бизнисменот се запознаа во далечната 2008 година, а истата година ја добиле ќерката Ања Луис, додека синот Ноа Феникс се роди во 2012 година.

Парот цели 10 години бил верен, но никогаш не застанал пред олтарот, но и покрај тоа за нив се сметаше дека се еден од најстабилните славни парови.

“Никогаш не сум се венчала, бидејќи сум многу зафатена. Ќе размислувам за тоа кога ќе имам повеќе време. Всушност, за него сум верена 8 години, па очигледно е дека бракот не ми е приоритет”, откри манекенката во 2016 година.

 


Алесандра во 2017 година одлучила да го промени животот во целост, па така минатата година за последен пат прошета на пистата за “Викторија Сикрет” и изјави дека ќе се посвети кон мајчинството, глумата и дизајнирањето на костими за капење, а изгледа тоа се подразбираше и на промени во нејзиниот приватен живот.

Парот речиси никогаш не го гледавме заедно, освен кога беа фотографирани за време на семејните активности, за последен пат биле забележани пред 3 месеци. Сепак, парот сè уште не се изјаснил за причините за нивната разделба.

Слични содржини