92
Собранието на Република Македонија на денешната 12. седница ја усвои Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.
Сега македонското Собрание ќе има пет потпретседатели кои ќе доаѓаат од различни партии, во зависност од нивната застапеност во Парламентот.
Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието.