Почна Вевчанскиот карневал

од Vladimir Zorba
Во снежна идила започна карневалската треска во Вевчани. Над 1000 маски и оваа година продефилираа низ вевчанските улици, а главните улоги им припаднаа на политичарите, Вевчанци критуикуваа и исмеваа се што не им се допаѓа, информира 24Вести.
Меѓу маските највпечатливи беа шарените револуционери, Лудиот Август, Хитлер и Турците кои најавуваа ново ропство, власта и опозицијата, прислушкуваа тајните служби и смируваа посредниците и странските амбасадори. Во Вевчани денеска се протестираше и против загадениот воздух.
Горномаалците се сретнаа со жителите на Долно Маало, па заедно се упатија кон изворите да ја испочитуваат традицијата. И оваа година орото го водеа зетот и невестата, а пред нив одеше Глупавиот Август. Духот на Вевчанскиот карневал стар 1400 години според градоначалнкот е се поинтересен за странските гости.
Маските на театарот под снежно небо уште еднаш беа одраз и огледало на секојдневните животни ситуации. Вевчанци успешно го најавија доаѓањјето на Новата година според православниот календар.
Утре е последниот ден од карневалот кога по традиција ѓе се палат маските./24 Вести

Слични содржини