Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(23) од струшкото село Велешта. На 25-ти овој месец околу 13,15 часот, пријавениот на ул.Маркс Енгелсова“ од огнено оружје пиштол испукал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга.

115513

Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја излегол сега пријавениот и од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А. кој на пат кон општата болница во Струга подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга. По извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршија претрес во домот на сега пријавениот при што во дворот забележано е патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки. Во багажникот од возилото пронајден е пиштол марка „ХС“ со рамка без муниција (оружјето со кое е извршено делото). Истите со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Слични содржини