Полицијата пронашла 15 мигранти кои нелегално биле превезувани

од desk2

Полициски службеници, на автопатот Гевгелија–Скопје во близина на местото Авлак, забележале возило „крајслер“ со повеќе лица, кое со голема брзина се упатило кон Скопје.

Од страна на полициските службеници во близина на Удово возилото било сопрено, а возачот избегал.

При преглед на возилото утврдено е дека регистарските ознаки се од друго возило, кои на 31 јануари биле пријавени за украдени.

Во возилото биле затекнати 15 лица-мигранти од кои седум лица (и едно дете) од Ирак, пет лица (и едно дете) од Сирија и едно лице од Пакистан.

Лицата биле приведени во полициската станица на граничниот премин Богородица каде што полициски службеник извршил разговор.

Слични содржини