Околу половина од жителите на САД планираат да гласаат на претседателските избори за милијардерот Доналд Трамп не затоа дека ги делат неговите ставови, туку  за да не биде избрана поранешната прва дама Хилари Клинтон.

 

трампОва го покажува анкетата спроведена заеднички од агенцијата Ројтерс и меѓународниот социолошки центар Ipsos ( “Ипсос”). Речиси 47% од анкетата ќе гласаат со името “Доналд Трамп”, бидејќи не сакаат државата да биде предводена од Хилари Клинтон, која беше претходниот државен секретар (министер за надворешни работи) на САД. Околу 43% од испитаниците рекоа дека им се допаѓа политичките ставови на Трамп. Околу 6% објаснија дека Трамп едноставно им се допаѓа како личност.

клинтонИстото впрочем важи и за кампот на Хилари Клинтон. 46% од анкетата рекоа дека ќе гласаат за неа, само затоа што не сакаат да го видат Трамп како претседател. 40% се согласуваат со нејзината политичка позиција, а  на 11% им  се допаѓаат ејзините лични квалитети. Според Лери Сабато, директор на Центарот за политика на Универзитетот на Вирџинија, слични резултати покажуваат “длабокиот идеолошки раскол во САД, каде што луѓето со се поголеми стравувања се однесуваат кон претставниците  политички партии”. / ТАСС

Слични содржини