Половина гратче исчезна по силниот земјотрес ноќеска во Италија (Фото / видео)

од Vladimir Zorba

Под урнатините на згради има загинати и затрупани луѓе

1472011941-1

Градоначалникот на италијанскиот град Аматриче изјави дека силниот земјотрес во централниот дел на земјата ноќеска предизвика сериозни штети во населено место , во кој живеат околу 2 700 луѓе. Според зборовите на градоначалникот Серджио Пироци, под урнатините на зградите има затрупани луѓе, соопштува РИА Новости.

Претставници на Корпусот на карабинери соопштија дека најмалку две лица загинале во Аматриче.

1472011941-3
Според “Ла Република” загинала постара двојка во Пескара дел трон, мало село во провинцијата Асколи Пичето. Други италијански медиуми јавуваат и за трета жртва во селцето Акумоли.

“Патиштата кои водат кон градот се блокирани. Половина град исчезна. Луѓето се под стѕрес. Тргна и  свлечиштето. Мостот е уништен”, изјави Пироци во етерот на државниот ТВ канал RAI.

1472011941-2

Како што веќе информиравме силен земјотрес со интензитет од 6,2  ја потресе централна Италија во средата, во близина на градот Норча. Силен потрес и бука ги  разбуди жителите во главниот град Рим, на околу 170 километри. од епицентарот на земјотресот, што започна во 3,36 по локално време.

https://youtu.be/bpPurtRzg_Y

Геолошки служба на САД USGS првично соопшти дека интензитет на земјотресот е 6,4, велејќи дека е многу бавен ,  и на длабочина од само 10 километри.

 

Слични содржини