Попоски: Кипар како дел од ЕУ да биде поддржувач на интеграцијата на сите земји од Балканот

од Vladimir Zorba

За Рeпублика Македонија е значајно Кипар, како земја-членка на Европската Унија, да биде поддржувач на интеграцијата на сите земји од Балканскиот Полуостров, што ќе придонесе за релаксирање на односите во регионот и намалување на веројатноста за судири или ескалирање на националистичка реторика.

 

Ова во петок го истакнал вицепремиерот и министер за надворешни работи во техничката влада Никола Попоски, на средбата со министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес, на маргините на 127. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која се одржа денеска во Никозија.

На средбата министрите разговараа за европските интеграциски процеси и важноста на истите во моменти во кои излегувањето на една земја членка може да ги засени прашањата за понатамошно проширување./мф

Слични содржини