Поради климатските промени, настраданите фармери од Централна Америка го заменуваат кафето со какао

од Vladimir Zorba

zx450y250_2818080

Фармерот Абелардо Ајала донел тешка одлука за стопанството во Сан Хуан Тепесонтес, регион во Салвадор, каде традиционално со одгледува кафе: „Го сменив кафето со какао дрвја поради погубни ефекти од затоплувањето на климата, раскажува “Ројтерс”.

Ајала објаснува дека неговата плантажа лоцирана на 600-1000 метри надморска височина во јужниот департментот Ла Паз, некогаш била идеално место за одгледување на кафе. Но со зголемувањето на температурите производството станало невозможно.

Во последните 4 години континуираната суша, инвазија на штетници и други проблеми поврзани со климатските промени, го поставија секторот пред сериозни искушенија.

Во пониските области многу производители ги оставиле плантажите или го продале земјиштето на урбани претприемачи.

Во тоа време Ајала веќе се запознал со придобивките на какаото: ниски трошоци за одгледување, добра цена на меѓународните пазари и придонес во заштитата на животната средина. “Луѓето тука почнаа да гледаат на какао како излез за земјите каде пред тоа растеше кафе, но поради сушата и климатските промени, се одеше на тешко”, раскажува фармерот за “Ројтерс”.

Мексико и земјите од Централна Америка произведуваат една петтина од светската жетва на сортата “Арабика”. Но габите за растенија и ниските цени на кафето во последните години нанесоа сериозни оштетувања на земјоделството во регионот.

Според никарагванскиот земјоделец Луис Морено замената на кафето со какао е се поочигледна и се наметнува од економски причини. Какаото бара 40% помалку трошоци при неговото одгледување, помалку работна сила, а неговата цена во светот е во пораст. Мажот е дел од асоцијација, која ги снабдува земјоделците со какао дрвја и им нуди техничка помош од 2014 година

Според белгиската невладина организација VECO кој функционира со ситни производители во земјите во развој, во Централна Америка има 25.000 производители на какао. Култура се одгледува на 12.700 ха, најмногу во Гватемала, Хондурас, Никарагва и Салвадор.

Според VECO до 2019 г производството ќе зазема површина од 25.500 ха. Претставници на организацијата објаснуваат дека голем број истражувања покажуваат дека одгледувањето на кафе ќе мора да се пресели на повисоки георграфски ширини, а какаото може да стане алтернатива за земјоделците кои живеат на пониско височина.

Други истражувачи истакнуваат дека меѓу економските причини, некои од земјоделците, особено оние од индијанско потекло, се враќаат кон какаото, за да заштитат идентитет. Какаото е типична култура за регионот од времето на Маите и Ацтеките и се одгледува масовно до 19 век, кога треба се префрлат на увезената од Африка реколта- кафето.

Слични содржини