Време е да го прославите фактот дека имате поголема сестра! Ново истражување покажува дека најголемата ќерка во семејството е склона кон дебелина повеќе од останатите.fec5f30276125f1f069d433f567dd6af

Тврдењето е на база шведско истражување во кое беа разгледани податоците на над 26 000 жени. По опстојна анализа е утврдено дека првата сестра се родила послаба од останатите, но таа “предност” се менува со времето.

Во материјалот објавен во British Medical Journal се тврди дека постарите ќерки се со 29% поголема веројатност да се здебелат од помалите и се за 40% повеќе загрозени од дебелината за време на првата бременост за разлика од своите помлади сестри.

Може да звучи чудно на прв поглед, но тоа не е прво истражување кое ги дискутира разликите во тежината на база  на тоа кога е роден еден човек.

Слични студии се направени и во Нов Зеланд, Полска и Италија. Според нив, мажите кои имаат помлад брат се поголеми и потешки и повеќе склони кон дебелеење. Кај нив е пронајдена и врска со тоа колку нивната мајка се здебелила за време на бременоста.

Слични содржини