Потписниците на „Повелбата за солидарност“ (Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, Мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културата на Република Македонија, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“), даваат целосна поддршка на штрајкот на вработените во судската администрација, кој го организираа Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ, и Здружението на судска администрација.

povelba-za-solidarnost

Со тридневниот штрајк, вработените го искажуваат своето незадоволство од донесениот Закон за судска служба, кој содржи норми што се неприменливи во практика, поради што Синдикатот на УПОЗ подолг период предлагаа, преговараа и бараа од надлежните да внесат измени во законскиот текст, но сите преговори, за жал, завршија безуспешно поради што се донесе одлуката за придружување кон штрајкот.

Продолжува штрајкот на УПОЗ: Поддршка ни дадоа и судиите и адвокатите…

Потписниците на „Повелбата за солидарност“ го поддржуваат штрајкот на вработените во судската администрација, кои се револтирани од игнорантскиот однос на надлежните институции спрема нивните барања. Сите членки на Повелбата се соочија со апсурдни норми во специјалните закони што ја регулираат нивната респективна област, но и со уште поапсурдни норми во законите за администрација. Оттука, барањата на Судските службеници ги оценуваме не само како оправдани туку и како минимални.

Во рамки на солидарната поддршка, членовите на „Повелбата“ ќе се приклучат на штрајкот во петок, 25.03.2016 кога ќе се протестира пред Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација и пред Владата.

 

Интегрален текст

Слични содржини