Повеќе од 150 луѓе се водат како исчезнати во пожарите во Калифорнија

од desk2

Повеќе од 150 луѓе се водат како исчезнати во пожарите кои дивеат низ Калифорнија, сојузна држава во САД позната по лозјата, соопшти полицијата.

Најмалку 15 луѓе загинаа, а повеќе од 1.500 домови се уништени. Во округот Напа починаа двајца брачни партнери – на возраст од 100 години Чарлс Рипи и неговата 98 – годишна сопруга Сара.

Шефот на противпожарната бригада Кен Пимлот рече дека повеќе од 17 пожари изгореа 26.000 хектари површина. Службениците се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите, но се стравува дека и тие се починати.

„Пожарите брзо се шират, а стотици хектари се под оган и немаме шанси да се пробиеме на некои места“, вели Пимлот.

Најмалку четири винарии претрпеа тотална штета, додека девет се оштетени. Повеќе од 91.000 домови и деловни објекти се без струја.

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во седмиот округ, а претседателот на САД Доналд Трамп го одобри прогласувањето на природна катастрофа за да може да се искористат федералните средства.

Слични содржини