Актуелно
Почетна / Актуелно / Повредени четири лица во сообраќајки вчера во Скопје

Повредени четири лица во сообраќајки вчера во Скопје

  Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од седум сообраќајни незгоди регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Три сообраќајни незгоди се со материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 20 возачи, од кои еден под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 17 нерегистрирани возила, 96 автомобили биле непрописно паркирани, а „пајакот“  подигнал возила 64.

Десет возачи поминале на крстосница на црвено светло, четири возачи не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престорил, додека пак тројца не дале превенство на минување на возила во зона на крстосница.