Лекарот од абдоменална хирурургија во скопскиот Клинички центар кој беше повреден изутрината од огнено оружје откако во него пукал незадоволен пациент, е опериран и е надвор од животна опасност.

images (1)

Инцидентот се случил во 09:30 часот на одделението за абодеменална хирургија. Лекарот, според болнички извори, е повреден во нозете и веднаш по инцидентот бил пренесен во операциска сала.

Полицијата привела три лица, родени 1979, 1981 и 1985 година. Во Клиничкиот центар се уште е присутна полицијата и го истражува случајот.

Од МВР најавија подетални информации во текот на денот

Слични содржини