Во Косово физички е нападнат новинар и директор на порталот “Insajderi” Парим Олури, познат по своите извештаи за корупција јавија медиумите.


Олурија во среда вечер го претепале непознати луѓе додека одел дома со својата вереница, извести Ројтерс.
Косовските медиуми јавуваат дека претрпел полесни повреди и дека е згрижен во болницата во Приштина.

„Тоа е напад на слободата на медиуми“, изјави Олури, иако не знае кој е мотивот на напаѓачите, но смета дека причина може да бидат неговите текстови.

Организацијата за европска безбедност и соработка (OEBS) го осуди нападот, порачувајќи дека „новинарите треба да се слободни да изразат поинакво мислење, без страв од насилство и физичка повреда“.

Косовската асоцијација на новинари апелираше до властите да ги пронајдат напаѓачите, а нападот го осуди и претседателот Хашим Тачи.

„Новинарите не би требало да бидат обесхрабрени со такви криминални дејства. Токму спротивно“, напиша тој.

Порталот “Insajderi”, како пто наведува ројтерс, стана еден од водечките онлајн медиуми во косово, занимавајќи се со темат корупција меѓу водечките косовски функционери.

Нападот следи откако Олури објави текст за некои команданти на поранешна ОВК во кој ги обвинува за корупција.

Слични содржини