Извршен е претрес во Сосиете женерал, една од најголемите француски банки и една од банкарските институции, вмешана во скандалот со т.н.. “Панамски досиеја”, поради откриените од неа речиси илјада офшор компании преку Панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека, пренесе АФП.

ob

Централата на Банката во Париз беше претресена во вторникот од страна на инспекторите од Централната служба за борба против корупцијата, финансиските и даночните злосторства (OCLCIFF), прецизира за агенцијата судски извори, и посочил дека биле запленети документи во електронска форма.
Претресот е извршен во рамките на претходна истрага, иницирана од Националното финансиско обвинителство за даночно затајување и перење пари уште со првите откритија за даночните измами во светот.

Според “Монд” Сосиете женерал е четврта банка по швајцарските HSBC, UBS и Кредит Свис, која најчесто прибегнувала кон услугите на Мосак Фонсека, и создала 979 офшор компании за свои клиенти преку Панамскиот адвокатска фирма.

Банката уверува дека, сепак, само неколку десетици се уште се активни и дека тие се управуваат по целосно транспарентен начин.
Во 2012 година, потсетува АФП, генералниот директор на Сосиете женерал Фредерик Удеа изјави под заклетва дека банката ги затворила своите претставништва во земјите вклучени во сивата листа на даночните засолништа, како и во земјите кои не нудат доволно соработка во борбата против затајувањето на даноци како Панама.

Кај нас Сосиете Женерал има сопственички удел во “Охридска Банка”

Слични содржини