Претседателот на Албанија, Илир Мета, во дводневна посета на Македонија

од desk4

Претседателот на Албанија, Илир Мета, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

За време на неговиот престој тој ќе се сретне со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов утре во 10 часот во Вила Водно.

Иванов и Мета ќе имаат тет-а-тет средба, потоа пленарен состанок на делегациите на Македонија и Албанија, по што ќе следува прес-конфренција на двајцата претседатели.

За сега нема информации дали Мета ќе се сретне со други државни функционери и политички лидери.

Слични содржини