Прибе го заврши скринингот врз судството: Како со европски очи до подетална дијагноза и препораки за брзи реформи?

од Vladimir Zorba

Германскиот експерт Рајнхард Прибе и неговиот петчлен тим правни стручњаци  го привршуваат првото снимање на судскиот систем во Македонија.

Неофицијално, сите средби на Прибе со претставници од државни институции се завршени, па тимот експерти веќе ја имаат деталната слика, информира ТВ21.

Засега нема најава дали германскиот експерт официјално ќе каже како со европски очи гледа на судството во земјава и какви забелешки и препораки ќе и даде на Владата која ќе треба да ги имплементира. Ова се очекува да биде уште подетална дијагноза и препораки, од оние што  Прибе ги направи пред две години, кога за прв пат ја сними состојбата со цел да посочи излез од политичката криза.

Претседателите на судовите кои веќе се соочија со него, преку соопштенија искажаа подготвеност да се вклучат во реформите. Кај некои од телата, веќе се гледа подготвеност, велат познавачите. Мирослав Драганов од Институтот за човекови права, смета дека реформите први треба да ги повлечат  луѓето на високи функции во судскиот систем.

„Кога зборуваме за судството голем дел од тие реформи треба да потегнат од практична примена на она што веќе е закон, она што веќе е Устав, она што веќе е во применет меѓународен стандард и прифатен во Македонија. Така што не е се во измена на законите кои што треба да тргнат од Парламентот, туку во нивна практична имплементација“, истакна Драганов.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини