Трет ден од средношколските протести во средните училишта против новиот модел на државна матура кој предвидува полагање на математика како задолжителен предмет.  Учениците од гимназијата Орце Николов кои и денеска се собраа во дворот на училиштето им порачаа на надлежните дека не отстапуваат од своите барања

матура

Професорот Душко Стојановски од гимназијата Орце Николов  денеска беше заедно со своите ученици. Вели и како родител и како професор ги подржува и е среќен што учениците имаат аргументирани ставови и истите ги покажуваат како сериозни и зрели личности.

Новиот модел на матура според него само дополнително ќе го  оптовари целиот процес на полагање, со кој учениците ќе се фокусираат  како да стигнат до повисока оценка, а не за поголемо знаење.

Надлежните од друга страна не отстапуваат од новиот модел на државна матура. Заменик -министерот за образование Спиро Ристовски вели дека математиката е предмет кој како задолжителен се полага и во други образовни стистеми, а уверува дека учениците можат да ги положат задачите кои се од основното ниво на предметот.

Средношколците велат дека секојдневно расте бројот на ученици кои сакаат да ги подржат во мирните протести но се плашат од притисоци. За ова денеска реагираше и Наставничкиот пленум кој најостро ги осуди постапките на дел од  директорите на училиштата кои ги попречиле учениците да бидат дел од протестите или да се зачленуваат во средношколскиот пленум.

Според наставниците од пленумот во интерес на училиштата е учениците критички да размислуваат и да бидат вклучени во темите кои директно ги засегаат./24

 

 

Слични содржини