ДАЛЕКУ Е СОНЦЕТО или ЖЕЛБАТА НАРЕЧЕНА СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

jove-kekenovski-540x306

Гледам и слушам деновиве како Шеќеринска и Шилегов од петни жили се обидуваат да и објаснат на јавноста како Специјалниот јавен обвинител ќе и наредел на МВР истрага за бомбите односно дека до изборите истиот тој ќе ги расчисти сите сомнежи за криминал и корупција во врска со прислушуваните разговори.
Добро бре до кога со ваква бенигна и купи ден политика?.
Ајде наместо да ни објаснувате ,,ШТО БИ БИЛО АКО ЕВЕНТУАЛНО БИДЕ” дајте одговор на следниве прашања за кои што мислам дека сериозно е заинтересирана јавноста.
• Како воопшто можевте да се согласите или да ,,одмолчите” (со оглед на нивната досега јавно видена пристрасност и селективност во работата) и понатаму на истите функции да останат Јавниот обвинител на Р. Македонија и Основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција?.
• Па зарем во преговорите не знаевте да објасните дека ние граѓаните на Р. Македонија, а нé политичарите и политичките моќници, сме тие кои од нашите пари ги плаќаме да си ја извршуваат непристрасно и професионално функцијата на која се поставени.
• Незнаевте ли да им објасните на Хан, Бејли, Орав и останатите ,,душегрижници” дека истиот тој Јавен обвинител пред стапувањето на должност дава свечена изјава, која гласи: “Изјавувам и се колнам дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, дека функцијата ќе ја вршам совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓанинот и интересите на другите правни субјекти”.!?
• Незнаевте ли дека можевте формално правно да покренете постапка за негово разрешување без разлика на тоа дали воопшто ќе почнеше постапката за негово разрешување и без разлика на резултатот од гласањето. Повеќе сум од стопостотно сигурен дека покренатата ваква иницијатива проследена со ,,дебело” образложение никој не ќе можеше да ја оспори а уште помалку да ја брани, а таа ќе останеше во историјата за тоа каков обвинител сме имале.!? п.с. (доколку некој се обиде во овој дел да го оспори оваа мое размислување веднаш да кажам дека оправдување за непокренување на постапка за разрешување неможе да биде бојкотот на Собранието од страна на опозицијата, затоа што опозиционите пратеници сеуште земаат плата. Апропо ставот дека и судот не го признаваат опозицинерите, а сепак поднесуваат кривични пријави во истиот тој суд).
• Доколку покреневте постапка за разрешување во меѓувреме ќе можевте да побаравте мислење од Советот на Јавни обвинители по однос на барањето за разрешување. На тој начин сите ние, но и странците однапред ќе имавме појасна слика до каде ни е отидена целата работа во обвинителството.
• Свесни ли сте дека опструкциите за работа на Специјалниот јавен обвинител ќе бидат огромни, времето до изборите кратко, а афектите речиси никакви!.
• И на крајот должни сте да одговорите на јавноста дали сте свесни дека за назначувањето на Специјалниот јавен обвинител е потребна согласност на сите потпишани страни на Протоколот од 14.07.2015. Мислите дека останатите потписници ќе бидат толку широкогради или пак суицидни да го прифатат вашиот предлог?
• Во немање на аргументиран одговор прочитајте ја или препрочитајте ја книгата на Добрица Ќосиќ – ,,Далеку е сонцето”?

ФБ статус на проф д-р Јове Кекеновски

Слични содржини