Проклетиот 19 септември Мексико се тресеше на истиот ден и пред 32 години. Тогаш загинаа 10.000 луѓе, се случи и чудол

од desk3

Земјотресот кој вчера го разори централно Мексико и однесе повеќе од 200 животи, се слуичи на истиот ден кога и еден од најразорните земјотреси кои оваа земја ги памети. Проклетиот 19 септември, како го ословуваат медимите 1985 година беше уште поразорен и посмртоносен.

Земјотресот кој пред 32 години го погоди југоисточниот брег на Мексико, беше појак од вчерашниот. Изнесуваше 8,0 степени според Рихтер, а епицентарот на потресот беше во државата Мичоакан. Потресот ги разбуди Мексиканците во 7 и 20 часот наутро. 

Штетата која земјотресот и ја нанесе а на Мексико се проценува меѓу три и четири милијарди американски долари, Сруши  412 згради, додека 3.124 се тешко оштетени, а повеќе од 250.000 луѓе останаа без своите домови. Бројот на жртвите беше голема, иако во потполност не е утврден.

Според некои податоци, животот го изгубиле дури 10.000 луѓе, додека некои цивилни здруженија тврдеа дека биле околу 30.000 луѓе. Националнито сеизмолошки сервис во Мексико објави дека загинале дури 45.000 луѓе, но најчесо се спомнува цифрата од 10.000 иако идентификувани се 5.000 тела.

Експертите веруваат дека причина поради која земјотресот бил така разорен е неговата должина. Земјата се тресела подолго од една минута, поради што зградите  претрпеа големи оштетувања или пак во потполност се срушија. Во првите шест недели по земјотресот, отстранети се 720.000 тони градежен материјал, шут и отпад напраен при рушењето на зградите.

Тој ден се срушила и најстарата болница во Мексико сити “Huarez de Mehiko”, отворена 1847. година за потребите за лечењето на ранетите од мексиканско – американската војна. Главната зграда на болницата  целосно е срушена, но и околните згради кои му припаѓале на комплексот како што е банката за крв.

Четири дена по земјотресот, тогашната прва дама на Мексико Палома Кордеро и првата дама на САД Ненси Реган во друштво на американскиот амбасадор во Мексико Џон Гевин ги обиколиле рушевните во главиот град.

 

 

Слични содржини