(ВИДЕО) Протести низ американските градови против изборот на Трамп за претседател

од desk3

Откако беа објавени резултатите од претседателските избори, на кои победата ја однесе репубиканецот Доналд Трамп, на демонстрации по улиците на повеќе градови од западните американски сојузни држави излезе многубројно глевно население, пренесе ДПА.

„Тоа не е мојот претседател!” скандираа студентите и другите опоненти на новиот претседател, кои учествуваа во повеќеилјадните протестни маршеви низ Лос Анџелес, Сан Диего, Окланд, Портланд и други градови.

53db452dd612490a

Како што пренесуваат локалните медиуми, стотици студенти од Орегон излегле на улиците.

-Чии се овие улици? Тоа се наши улици!, извикуваа демонстрантите.

Снимки од протестите, закачени на Интернет, ги покажуваат демонстрантите како палат свеќи и факли. На една од нив се гледа како се пали и гори американското знамето.

-Не можам да разберам како нашата земја може да гласа за овој ужасен човек, коментира учесник на протестот во Лос Анџелес.

Поп иконата Лејди Гага, жесток поддржувач на Хилари Клинтон, која за неа ја водеше кампањата и учествуваше во нејзиниот последен предизборен митинг, во Њујорк протестираше пред кулата Трамп.Таа на Инстаграм закачи своја слика, која покажува како исправено стои врз камион со смет и го држи транспарентот „Љубовта ќе надвладе над омразата на Трамп“. Тоа беше една од предизборните пароли на кампанњата на Хилари Клинтон. /МИА

Слични содржини