Протести на „Шарената револуција“ во 18 часот и забава насловена „Информативен разговор“ пред полициската станица „Беко“ во 20 часот ќе се случуваат вечерва во Скопје.

13275018_10153982073564733_1846894344_o-860x680

Од граѓанското здружение „Протестирам“ порачуваат дека парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаат и нема да дозволат „поигрување на претседателот со правдата“. Нема да запрат со протестите додека аболицијата не се повлече целосно.

Целта на забавата „Информативен разговор“ пред „Беко“ е министерот за внатрешни работи Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го интересира.

– Одиме за да се насмевнеме малку и да ги опуштиме и полицијаците. Да им кажеме и покажаме дека, иако тие носат значки и мораат да ги слушаат наредбите на Чавков, ние сме еден ентитет – се вели на „Фејсбук“ страницата „Информативен разговор“

 

META

Слични содржини