Протести на „За заедничка Македонија“

од desk2
Со зурли и тапани граѓаните од за заедничка Македонија повторно протестираат за како што велат, заштита на унитарноста на државата и отфрлање на платформата на албанските партии, информира ТВ24.
Со транспаренти за отфрлање на како што велат Тиранската платформа и не за влада формирана од Сорос, но и со багер и камион, како и претходните денови, демонстрантите прво дојдоа пред владата, а потоа се упатија до народната канцеларија на претседателот, на кого му изразија подршка.
„Го поздравуваме принципиелниот став на претседателот Иванов“ – изјави Богдан Илиевски
Организаторите на протестот пред собранието ги упатија вообичаените пораки за заштита на унитарноста на државата и отфрлање на платформата од албанските партии.
Протестите продолжуваат и утре, а од граѓанската иницијатива за заедничка македонија, најавија до сега најмасовен протест, на кој ќе упатат порака до пратениците да не се избира претседател на законодавниот дом, кој се нема јавно откажано од платформата на албанските партии./извор ТВ24

Слични содржини