Денес започнува враќање на илегални мигранти на основа договорот меѓу ЕУ и Анкара

бег назадНешто  пред 7.30 часот тргна првиот ферибот од грчките острови за Турција со мигранти. Денес започнува враќање на илегални мигранти од Грција во Турција врз основа на  договорот меѓу ЕУ и Анкара. Стотици мигранти утрово пристигнаа на пристаништата на грчките острови Хиос и Лезбос  Грција и Турција презедоа голем ангажман 500 лица да бидат испратени назад денеска. Атина и Брисел на оваа фаза одбиваат официјално да го коментира точниот број. Вратените  луѓе ќе бидат Сиријци, Авганистанци и Пакистанци. Турција подготвува два центри за регистрација за мигрантите. Работата на изградба на овие центри започна во одморалиштето Чешме, провинција Измир, токму спроти  грчкиот остров Хиос, кон кој се насочуваат многу мигранти.

Другиот центар на површина од 500 квадратни метри се наоѓа во близина на пристаништето. Во центарот ќе има шатори, каде мигрантите ќе бидат регистрирани, ќе им се земат отпечатоци и ќе бидат гледани од санитарните служби.

Намерата на властите во Турција  е да прифатат назад бегалци и да градат кампови за нив по договорот со ЕУ беше дочекана со категорично неодобрување , првиот протестен митинг се одржа во саботата во јужниот град Измир.

Слични содржини