Раководството бега од компанијата, штрајкот во железници продолжува

од desk2
Раководството во оставка, работниците продолжуваат со протестот. Железницата и натаму под блокада. Директорот на Македонски Железници – транспорт, Никола Костов поднел оставка од функцијата, дознава ТВ 24. Ја депонира вчера на состанокот на управниот одбор.
Извори брифираат дека веќе од утринава Костов не доаѓа на  работа, а канцеларијата е затворена. Директорот и натаму не одговара на телфонските повици, а од влада ја потврдуваат информацијата.
„Од информациите што ги имам до во овој момент, 13.30 часот, до Владата не е доставена оставка од господинот Костов и имаме неофицијални информации дека таква оставка е депонирана до Управниот и надзорниот одбор на компанијата МЖ – Транспорт“ – изјави Александар Ѓоргиев, портпарол на Влада.
Епилогот следува откако цела недела вработените во железници протестираат поради неисплатени плати. Иако Владата донесе одлука за зголемување на средствата кои железници ги добиваат на годишно ниво од околу 90 милиони денари, исплатата ја услови со враќање на работниците на работа.
Железничарите велат дека ниту некој ги информирал, ниту добиле пари. Не отстапуваат се додека во целост не биде исплатена јануарската плата, возовите нема да сообраќајат.
„Сè додека не се исплати јануарската плата во целост и не се изнајде решение за понатамошните исплати на редовни плати како останатите во државава, ние ќе протестираме.“ – изјави Ѓоко Илиевски, Иницијативен одбор Македонски железници – транспорт.
Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини