“Macedonia, open the border!”, “Macedonia save us!”, со часови пејат мигрантите од „неконфликтните подрачја“, на кои не им се дозволува премиување на границата-пренесува VOA

гевгел мигрант
Неделното утро на граничниот премин на грчко-македонската граница започна со песна на бегалците од Иран, Пакистан и Бангладеш, кои седнати на пругата пред кордонот македонски полицајци, молеа да бидат пуштени да транзитираат низ Македонија, за да продолжат до нивната цел – Германија или другите западноевропски земји. И тие, и останатите лица од Алжир, Мароко, Конго, Сомалија, Шри Ланка, Либан…, од државите во кои нема војна, со одлуката за селекција наречени „неконфликтни подрачја“, и кои со почетокот на граничното селектирање го добија статусот на економски мигранти, не можат да ја поминат границата.

За 24 часа во земјава влегле 4.481 бегалци

Минатата седмица Македонија почна да го следи примерот на Словенија, Хрватска и Србија, за промена на режимот на пропуштање на бегалците и мигрантите, овозможувајќи им влез само на бегалците од воените жаришта. Македонските власти го зголемија и присуството на безбедносните сили долж границата. Но, неможејќи да се помират со одлуката – само државјаните на Сирија, Авганистан и Ирак да можат да продолжат по балканската рута, со статус на воени бегалци, мигрантите со транспаренти „Зарем ние не сме луѓе!“, „Помогнете ни!“ ,„Дозволете ни да поминеме!“, „Спасете не!“, „Никогаш нема да се вратиме!“, испишани на англиски јазик на картони, чаршави, дури и на нивните голи гради, секој на својот јазик, на арапски, пашту, хинду…, извикуваа дека сакаат слобода. Пеејќи и скандирајќи на лош англиски јазик дека Македонија треба да им ја отвори границата, околу 700 лица извикуваа дека нивниот единстевн избор е – слобода или смрт! И, во еден глас молеа – Македонија да ги спаси нивните животи.

Нови редици мигранти непрекинато доаѓаат од грчка страна, на која импровизираниот камп од мали шатори е се’ пополн. За жал, никој не нуди решение кое би било прифатливо и за мигрантите кои одбиваат да се вратат и сега сега, почнуваат да ја одбиваат и помошта на хуманитарните организации.

Паралелно, со протестите на мигрантите веќе трето деноноќие, редици бегалци минуваат меѓу грчките и македонските полицајци. Во тмурното неделно утро, полицајците од двете држави, се поздравуваат пријателски, како сопаталци, дури и со прегратки. Бегалците, пак, изморени, но дел од нив и со насмевки на лицата, ги минуваат последните 650 метри до Прифатниот камп, од каде по регистрирањето ќе заминат на север, кон македонско-српската граница. Десетиците автобуси и многу побројните такси-возила ги чекаат на мостот кај Сува Река.

VOA

Слични содржини