Реал Мадрид најде мошне необична замена за Бејл, по „директива“ на Кристијано Роналдо

од desk2

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, размислува да го продаде Герет Бејл и да најде замена за него бидејќи постојано е повреден, па веќе ја губи и својата маркетинг вредност која беше мошне важна за Велшанецот да игра во тимот на „Кралевите“.

Реал Мадрид пронајде замена за Бејл во ликот на Португалецот Гонсало Гуедеш од ПСЖ, кој оваа сезона игра на позајмица во Валенсија. Во редовите на „Лилјаците“, младиот португалски фудбалер брилјира сезонава, а со оглед на изгледот на нападот кој го има ПСЖ, мали се шансите тој да добие соодветна шанса, иако Унаи Емери го сака во својот тим за следната сезона.

Но, ако пристигне адекватна понуда, сигурно е дека „Светците“ би го пуштиле да си замине, а Реал е заинтересиран да го доведе во своите редови. Гведеш, наводно, бил понуден и од Кристијано Роналдо да биде доведен во редовите на „Кралевите“. Во него официјално најдобриот светски фудбалер гледа свој наследник и во Реал и во репрезентацијата./SportClub

Слични содржини