Никој не сака кожа како кора на портокал. За жал, дамите страдаат почесто од целулит, за разлика од мажите. Недоволната физичка активност, пиењето на газирани, засладени пијалоци, стресот, се само дел од факторите кои можат да предизвикаат појава на целулит.8ecef22abe99f3f1e742001f02390cc0

Редовните масажи, антицелулитни процедури, спортот и регулирањето на примената храна може да помогне за намалување на целулитот. Кон сето ова е добро да додадете и некои билки кои докажано се борат со ваквата кожа.

За да си направите ароматичен чај за убава фигура и кожа ќе ви се потребни:

  • 40 г лисја од бреза
  • 30 г липа
  • 30 г зелен чај

Билките се ставаат во 600 мл врела вода и се остава да отстојат 10 минути. Консумирајте го чајот наутро и навечер, засладен со малку мед или чист.

Слични содржини