Производи:
4 големи пилешки копани
масло
2 лажици сос Ворчестер
За маринадата:
1-2 лути пиперки
3 чешниња лук
половина лажичка цимет
1 лажичка морско оревче
свежо мелен црн пипер
малку сол
5-6 стапчиња мајчина душица
маслиново масло
840ccb49a64a0aa245e33eff7e2852b9Подготовка:
Сомелете ги сите состојки во блендер, а потоа намачкајте ги добро пилешките копани. Оставете ги да останат со маринадата, околу еден час. Потоа во тава загрејте малку масло и пржете ги копанчињата заедно со сосот Ворчестер (околу 10 минути).
Ставете ги во тава повторно со малку масло и покријте со фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени до подготвеност. Конечно отстраните ја фолијата и печете до формирање на коричка. Послужете со гарнир од ориз или по ваш избор.

Слични содржини