[РЕЦЕПТ] Ќофтиња од риба и ориз

од Vladimir Zorba

Состојки:
60 г туна од конзерва
250 г ориз
1 кромид
2 свежи јајца
сол и бибер по вкус
малку лебни трошки за валкање
Подготовка:
Во малку вода сварете го во кеса оризот додека не зовруе водата. Сецкајте кромид и запржете го во малку масло. Во сад измешајте варен ориз, кромид, парчиња туна, 1  јајце, сол и бибер по вкус. Оставете смесата да се излади. Потоа обликувајте мали ќофтиња кои се тркалаат во трошки од леб, а потоа во матено јајце.

Пржете во врело масло (полесно е во длабока тава).

Сервирајте со салата од сечкани свежи домати посеани со ливчиња магданос и босилек.

Слични содржини