Родниот град на Бетмен, Готам навистина постои

од desk2

Местото по име Готам навистина постои. Се наоѓа во англиската грофовија Нотингамшир, има 1.600 жители и навистина послужило како инспирација за ликот на славниот суперхерој од стриповите и филмовите за човекот лилјак.


Селцето станало познати и по легендата според која луѓето жители на селото одглумиле колективно лудило со добра причина.

Имено, во 13 век, англискиот крал Џон без Земја, сакал да изгради кралски пат што би поминувал низ селото, со кој лично би се служел, но тоа значело дека сите други кои би го користеле би плаќале високи даноци. Жителите на Готам знаеле дека тие најмногу ќе бидат погодени од таа давачка.

Затоа се договориле да одглумат колективно лудило, кое во тоа време е сметано за заразна болест. Сметале дека ќе го исплашат кралот и ќе се откаже од скапиот пат. Тие давеле јагули, тркалале сирење по ридот и ги криеле огревните дрва од сонцето.

Во 19 век пак, писателот Вашингтон Ирвинг во еден спој напис, Њујорк го нарекол модерен Готам. Во негова чест, еден од творците на Бетмен, Бил Фингер, родниот град на суперхеројот го нарекол Готам.

Gotham City

The REAL Gotham CityVia Positive News Network

Публикувахте от Distractify в Четвъртък, 20 юли 2017 г.

Слични содржини